Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ: Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја и за регионот

Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот, порача вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа за кои приреди работен прием, кои пак, под раководство на заменик-помошникот државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров истакнал дека средбата е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу земјава и САД, додавајќи дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот