Димитров поканет на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Словачка

Никола Димитров
Никола Димитров / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи и претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчак, шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ што денеска и утре ќе се одржи во Штрбско Плесо – Високи Тарти, во Словачка. 

Како што соопштија од МНР, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се разменат мислења за актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, а во функција на редовниот годишен министерски состанок што ќе се одржи во декември оваа година во Братислава. 

-Имајќи ја во предвид повеќедецениската успешна активност на Организацијата, се очекува дискусиите да се фокусираат на потенцијалот на ОБСЕ и придонесот во превенирањето и решавањето на конфликтите.  Во пресрет на одбележувањето на 20 години од Истанбулскиот Самит кога Организацијата донесе клучни одлуки за адаптирање кон новите состојби по завршувањето на студената војна, се предвидува министрите да разговараат и за идните активности  на ОБСЕ со цел таа да одговори на сѐ поголемите безбедносни трендови и предизвици, стои во соопштението. 

Покрај учеството на пленарните сесии и работниот ручек, предвидено е, како што се посочува, министерот Димитров да оствари и билатерални средби со своите колеги. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот