Димитров – Пахор: Евентуалниот неуспех на ЕУ за консензус за старт на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации

Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за почнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето, се согласија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Со оваа средба на која во пријателска и непосредна атмосфера беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.

Како што соопшти СЕП, Пахор го информирал Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо Бриони Самит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот