Димитрoв: Од денес, од овој момент сме 30. земја членка на НАТО (ВИДЕО)

Пред неколку секунди бевме сведоци со амбасадорката на САД во Северна Македонија, на последниот чекор на нашиот пат кон полнолравно членство во НАТО, што започна во 93 година- рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Од денес од овој момент сме 30. земја членка на НАТО, сакам да оддадам признание и благодарност до сите вас, до сите македонски граѓани, да го честитам овој голем успех- рече Димитров.

Членстворо во НАТО се случува во прериод кога светот се соочува со Ковид -19, истакна Димиторв, најголемиот предизвик од Втората светска војна и затоа имаме една ваква поскроман церемонија, но тоа не го намалува историското значење на овој мемент.

Тој најави дека в понеделник ќе се одржи церемонијата на подигнување на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во Командата на сојузничките сили во американскато сојузна држава Вирџинија, по што на 2 април ќе биде првиот претставник на нашата држава на еден министерски состанок на НАТО, што ќе се одржи преку видео конференциска врска.

– Од денеска САД се и формално наш сојузник со уште 28 земји членки (на НАТО) и никогаш веќе нема да бидеме сами, потенцира министерот за надворешни работи.

Димитров се осврна и на проблемот со коронавирусот, за кој рече дека нема национална припадност и затоа е потребна соработка и солидарнот меѓу државите во справувањето со него.

Брнз од своја страна рече дека ова се историски моменти за земјава, бидејќа стана членка на НАТО и доби одлука за почеток на преговрите со ЕУ.

– Многу сум среќна што во името на САД можам да Ви посакам добредојде како 30-та членка на НАТО, истакна Брнз, при тоа изразувајќи и признание на земјава за постигнатите напори и нагалсувајќи дека САД ќе продолжат со поддршата на нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот