Димитров од Атина: Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми

Не бев задоволен и среќен да живеам во регион кој во Европа и светот е познат како регион на премногу проблеми, а премалку решенија. Затоа мислам дека е важно да и се покаже на Европа дека можеме да решаваме проблеми, а тоа го сторивме со Договорот од Преспа, порача на панел дискусија на меѓунардоната конференција за мир и одржлив развој екс министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров се осврна на тоа како Договорот од Преспа ќе се третира во Македонија и Грција кога на власт се партии кои биле против тој договор, оценувајќи дека власта во доаѓање во Македонија на почетокот ќе ја обвинува претходната влада за Договорот но ќе кажат дека се одговорни лидери и дека ќе го почитуваат договорот.

„На долг рок мора да избегнеме „војна на меѓусебни обвинувања“ меѓу Атина и Скопје за тоа кој колку го почитува или не го почитува Договорот од Преспа. Денес и ивете страни не се среќни што веројатно е добар компромис и треба да градиме пријателство, не само во економска, туку и во културна, образовна и секоја друга смисла“ рече Димитров.

Димитров пред присутните сподели и лични моменти од периодот кога се склучуваше Договорот од Преспа.

„Јас имав ситуација каде во еден ден од едни бев нарекуван предавник, дури имав и закани кон мене лично и кон моето семејство, а други ми велеа дека сум херој. Во таква ситуација треба да бидете конзистентен, посветен и храбар. Без поддршка од лидерите тоа немаше да биде можно, но како што реков и во еден говор одредено време по потпишувањето на Договорот, проблемот кај министер за надворешни работи е кога правите работи што се исправни, кредитите ги зема премиерот, но кога ќе погрешите, вината е кај вас“ посочи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот