Димитров: Новата Влада ќе го задржи континуитетот на европската агенда, како и за време на мандатот на Жбогар

Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Како и за време на мандатот на амбасадорот Жбогар, новата Влада и во следниот период ќе го задржи континуитетот на европската агенда, порача вицепремеиерот за европски прашања Никола Димитров по денешната проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Самуел Жбогар.

Како што информираат од СЕП, заеднички беше позитивно оценета соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава, а Димитров го истакна и личниот придонес на евроамбасадорот Жбогар во процесите кои што имаа позитивна пресвртница во европскиот пат на нашата држава, заблагодарувајќи му се за искреното пријателство и посакувајќи му успех во неговите идни професионални ангажмани.

-Интензивната соработка со институциите на ЕУ беше продлабочена преку пријателството и искрениот однос со нивните претставници во Северна Македонија. Како и за време на мандатот на амбасадорот Жбогар, новата Влада и во следниот  период ќе го задржи континуитетот на европската агенда, а Секретаријатот за европски прашања ќе биде моторот кој што ќе ги придвижува реформите, а со тоа и евроинтегративните процеси, рече Димитров.

Резимирајќи ги успешно спроведените заеднички активности изминативе три години, Димитров и Жбогар разговараа и за понатамошно продлабочување на проектната соработка, како и за начините за успешна реализација на реформската агенда која што ќе биде во полза на сите граѓани и чинители во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот