Димитров: Немаше кибер напади на изборите во Бугарија

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

За време на последните парламентарни избори во Бугарија немаше кибер напади, изјави за локалниот весник „Труд”, комесарот Владимир Димитров, раководител на Одделот за компјутерски криминал во Генералниот директорат за борба против организираниот криминал.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, последниот голем кибер напад во Бугарија е извршен за време на локалните избори во октомври 2015 година, кога беа блокирани веб-страниците на Централната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тогашниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, кажа дека нападот дошол од Русија и инсистираше на целосна истрага за случајот.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, поранешниот шеф на „Кијбер криминал” , Јавор Колев, во март 2019 година истакна дека за тој нападот во Бугарија е осомничена хакерската група „ Sofacy-Fancy bears “, поврзани со руското воено разузнавање, која, пак, беше  осомничена и за манипулациите со изборниот процес во САД во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот