Димитров: Нема да може да отвориме преговори со ЕУ, ако се вратиме на проблемот со Грција

Никола Димитров во вечерашната дебата на ТВ 24 ја праша Гордана Силјановска која е нејзината идеја, да не постои Преспанскиот договор, а Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

-Карикатурно е да зборуваме за ЕУ со носител на листа од ДПМНЕ, бидејќи оставштината на нивното владеење придонесе само уште поголема да стане барикадата на тој пат. Успеавме ЕК да не нарече заробена држава. Таа оставштина, еве законот за јавно обвинителството кој беше дел од условите на ЕУ, поради вашите блокади едвај го донесовме. Сите знаеме дека нема да може да отвориме преговори со ЕУ, ако се вратиме на проблемот со Грција. Која е вашата идеја, да не постои Преспанскиот договор, а знаемето на Македонија да остане пред НАТО и да почнеме преговори со ЕУ?, рече Димитров.

Носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме” Никола Димитров вечерва во „Отворено студио” на Телевизија 24 го истакна значењето на она што вчера пристигна како вест од Брисел и е уште еден успешен чекор во реализирањето на стратешките цели.
-Предлог-преговарачката рамка од Европската комисија, за којашто вчера ги добивме убавите вести дека е предадена на Советот на ЕУ,  е исклучително битен чекор за првата меѓувладина конференција. Таа не може да се одржи без рамката. Во таа смисла за земја која што чекала 15 година многу е нормално и природно овие крупни исчекори да ги одбележиме и поздравиме, истакна Димитров.
Тој потенцираше дека сè што кажале во контекст на нашиот пробив, испорачале.
– Рековме ќе влеземе во НАТО – влеговме во НАТО, рековме ќе ги почнуваме преговорите со ЕУ – добивме зелено светло. Еве ја сега и преговарачката рамка во којашто како стартна позиција на чуварот на европските вредности и законодавство, е македонскиот јазик. Тој е иден официјален јазик во ЕУ, истакна Димитров.
Тој појасни дека рамката тој параграф вели „Северна Македонија со време да го преведе европското законодавство на македонско и ќе треба да има луѓе преведувачи пред да се зачлени, бидејќи суштината на рамката е полноправно членство во ЕУ. ЕК застана на принципот на нашата лична карта на ОН каде јазикот ни е македонски и во таа смисла потврди дека изразувањето на нашето право на самоопределување и европската интеграција се нужно комплементарни процеси. Бидејќи македонскиот јазик е наша работа и тој апсолвирано прашање и дома и во светот.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот