Димитров не гледа никаква опција да се постигне двотретинско мнозинство за францускиот предлог

Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека Бугарија има аспирација да нѐ „бугаризира и асимилира“.

„Има јасно соопштено таква аспирација дури и од шефот на бугарската држава, која што е испреплетена со нашиот пристапен процес кон ЕУ. Ние не сме внатре, тоа е погрешна теза. Ние сме во НАТО и таму сме рамноправни. Ако сега ова помине, следнава недела можеме да имаме Прва меѓувлаадина конференција со ЕУ и Комисијата ќе почне скрининг, но фазата за отворање е во две меѓувладини. За втората ќе чекаме двотретинско мнозинство во Собранието и отворање на Уставот, рече Димитров во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.

„Не гледам никаква опција пратеник од опозицијата да влезе и да гради двотретинско мнозинство за овој предлог. Овој предлог, за разлика од Преспанскиот договор, не го затвора македонското прашање на начин „ние сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик“.“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот