Димитров на средба со пратеници од Бундестагот – Слободен печат
ВестиМакедонија

Димитров на средба со пратеници од Бундестагот

Тема на дискусија беа европските интеграции на Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри, при тоа тема на дискусија беа, пред се, европските интеграции на Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на ЕУ.

Како што соопшти МНР, во таа прилика министерот Димитров се заблагодари за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

Од страна на гостите, се посочува, беше поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close