Димитров на средба со Карл-Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите – Слободен печат
ВестиМакедонија

Димитров на средба со Карл-Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите

За време на средбата, инфомрираат од МНР, министерот Димитров го информираше соговорникот за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, потенцирајќи ја можноста за заеднички успех со ЕУ.

Европските интеграции на земјава и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унијата беа тема на дискусија на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со Карл–Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите, кој е во дводневна посета на земјава.

За време на средбата, инфомрираат од МНР, министерот Димитров го информираше соговорникот за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, потенцирајќи ја можноста за заеднички успех со ЕУ, преку усвојување одлука за отпочнување на пристапните преговори во октомври. Се заблагодари за навремената посета на Ламберц, што претставува дополнителна потврда и сигнал од европските институции за европската перспектива на нашата земја.

Воедно, на состанокот беа разменети мислења и за прашања поврзани со кохезија, децентрализација, прекугранична соработка, намалување на економските разлики меѓу различните региони во Европа, како и пошироко за иднината на Европа. Притоа беше заклучено дека ЕУ архитектурата нема да биде комплетна без интегрирање на регионот на Западен Балкан.

Утре Ламберц ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close