Димитров на Балкански донаторски форум

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествуваше на отворањето на Балканскиот донаторски форум организиран од страна на Фондацијата Отворено Општество и нивното претставништво во Република Северна Македонија, во соработка со неколку значајни донатори од Балканот.

Димитров, како што соопшти Министерството за надворешни работи, направи пресек на досега постигнатото, потенцирајќи ја евидентна промена на соработката помеѓу невладиниот сектор и Владата во изминатите две години. Тој додаде дека признавањето на важната улога на НВО секторот се ефектуира со непосредно и важно учество во реформскиот процес.

– Напредок има само тогаш кога грешките се откриваат, а потоа се коригираат. Создадовме поволно опкружување каде медиумите се послободни и повнимателни, луѓето се погласни, а граѓанскиот сектор е партнер во остварувањето на нашите европски цели и европските промени дома – истакна Димитров.

Теми на овогодинешниот Форум беа важноста на улогата и активностите на донаторите и локални филантропи, како и значењето на ЕУ фондовите и владините и приватни финансирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот