Димитров: Македонското знаме гордо се вее меѓу 29 знамиња на НАТО сојузниците

Дојде и тој ден! Македонското знаме гордо се вее меѓу 29 знамиња на НАТО сојузниците. Безбедна и сигурна иднина!, напиша денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на неговиот официјален фејсбук профил

– Една држава е силна колку што и’ е силна армијата. Една држава е силна колку што и’ е силна економијата. Една држава е силна колку што и’ се силни демократските институции. Но една држава е исто така толку силна, колку што и’ се бројни и силни сојузниците. Во нормални и во вонредни околности. Ќе не биде!, порача на неговиот Фејсбук статус Димитров, кој ја следеше свечената церемонија на кревање на знамето на нашата земја попладнево пред седиштето на НАТО во Брисел преку видео врска заедно со премиерот Оливер Спасовски и целиот кабинет на министри во зградата на Владата.

Со церемонијата на кревање на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот