Димитров: Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот Фејсбук профил реагираше на ставовите на Бугарската академија на науки за тоа дека македонскиот јазик не постои, и според нив тоа е дијалект на бугарскиот јазик.

Во продолжение прочитајте го целиот статус на Димитров:

„Во 21от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“, напиша Димитров на Фејсбук.

Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот