Димитров: Македонскиот јазик и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата во ЕУ

Македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција во Унија чија културна и јазична различност е вредност што треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор, ниту пак македонскиот јазик може да биде пречка за добрососедски односи базирани на взаемна почит, порачал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прва средба со новоименуваниот амбасадор на Италија, Андреа Силвестри.

На состанокот, како што попладнево информираше СЕП, Димитров истакнал дека Владата продолжува со обидите да се најде достоинствено решение, почитувајќи го притоа правото на самоопределување, во рамки на европските принципи.

– Но, европските интеграции не треба да бидат во заложништво на билатералните прашања. Европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата. Реформите ќе продолжат бидејќи вистинската цел на пристапниот процес всушност е токму европеизацијата, внесувањето на европските стандарди дома. Во тој процес секоја помош од нашите пријатели ќе биде добредојдена, истакнал Димитров.

Посакувајќи му успех на амбасадорот Силвестри во извршувањето на неговиот мандат, вицепремиерот Димитров изразил задоволство од билатерелната соработка и нејзиното понатамошно продлабочување.

Од италијанска страна, како што стои во соопштението од СЕП, била реафирмирана силната поддршка од страна на Италија за европската интеграција на земјава. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот