Димитров: Македонската култура треба да блеска со иновација

Носителот на СДСМ во ИЕ 1 Никола Димитров на својот Фејсбук профил објави дека остварил средба со луѓе од културата при што посочува дека и во културата можеме, но и  мораме и подобро и повеќе.

-За да ја зачуваме културата, треба да продолжиме да ја создаваме. Македонската култура треба да блеска со иновација. Да ги следи европските трендови, да се трка со нив, но и да создава трендови. Да биде прогресивна и автентична. Основните обележја на културата треба да бидат прогресот, слободата на творењето и квалитетот. Преку историскиот успех на филмот Медена земја, видовме дека културата во земјава може да создава трендови и да биде на врвот, напиша Димитров.

Додава дека визијата за ваква прогресивна култура ја воспоставивме со Националната стратегија усвоена во Собранието како неспорен скок напред во споредба со наследената вулгаризација на културата. Наведува дека по многу години, конечно се донесе Колективниот договор меѓу Синдикатот и Владата, што внесува ред и систем во правата и обврските на културните работници, значително покачувајќи ги платите.

-Во следниот мандат, ќе се посветиме на доследно спроведување на Националната стратегија за развој на културата што претпоставува што е можно повеќе средства, подобра организација и подигнување на културата повисоко меѓу приоритетите на државата. Поддршката на независната сцена, вклучување на креативноста на младите и културната соработка со Европа се исто така клучни, напиша Димитров на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот