12 C
Скопје

Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Никола Димитров на денешната видео-средба со државниот секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка, Мартин Клус, истакна дека Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности.

Димитров на средбата информирал за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласил дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда.

Од владината прес-служба соопштија дека, на состанокот инициран од словачка страна се разговарало за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето.

Прочитајте и...  Садики и Сејдиу велат дека општините Студеничани и Желино се отчетни и транспарентни

– Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде најмногу може да придонесе, наведоа од владината прес-служба.

Поврзани вести

Бесими: Постигнавме пониска каматна стапка за еврообврзбицата од многу европски земји со повисок кредитен рејтинг

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Сава Јањиќ: Љубовта на Атанасије кон Косово беше неизмерна

Слободен печат

Нова студија може да ја покаже ефикасноста на „АстраЗенека“ против бразилската мутација

Слободен печат

Остави Коментар