Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).

Како што соопшти МНР, видео-конференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање на неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од КОВИД-19 ги има, пред се, врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Северна Македонија првпат ќе учествува на министерскиот состанок, откако на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот