Димитров: Ќе продолжиме да работиме на креирање услови за слободата на медиумите

Делегацијата на Владата во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон.

На првиот ден од конференцијата за слобода на медиумите, Димитров се обрати на панелот „Слободата на медиумите во Западен Балкан и нови начини на работа”, на кој заедно со британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан и претставници на медиумите и на граѓанскиот сектор од регионот на Западен Балкан дискутираа за предизвиците со кои регионот се соочува во сферата на медиумите, соопшти Министерството за надворешни работи.

Тој се осврна на промените и конкретните мерки кои Владата ги презеде и воведе во поглед на подобрување на слободата на медиумите, преку зголемена транспарентност и отчетност кон медиумите и кон граѓаните, креирање услови за работа на медиумите во слободна и компетитивна средина преку отворената и критичка политичка дебата и зајакнато критичко медиумско известување, што е соодветно нотирано во Извештајот на Европската комисија и во извештајот на Стејт Департментот за човекови права.

Цитирајќи го американскиот државник Адлај Стивенсон: „Слободните медиуми се мајка на сите слободи и на нашиот напредок во слободата”, Димитров потенцираше дека Владата ќе продолжи одговорно да работи на креирање услови за слободата на медиумите, бидејќи ја има главната одговорност, но ја истакна и одговорноста на новинарите и на уредувачките совети да работат согласно професионалните и етичките стандарди.

На вториот ден од конференцијата, министерот Димитров утре ќе биде говорник на панел-дискусијата „ Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?”. Тој исто така ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот