Димитров-Јовановиќ: Продлабочувањето на блиската соработка на нашите земји значи придонес кон постабилен и поотпорен Западен Балкан

Фото: Секретаријат за европски прашања

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше прва средба со новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ.

– На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка на двете држави во контекст на евроинтеграцискиот процес, а во светло на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје неделава, на кој ќе учествуваат премиерите од двете држави, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

На средбата вицепремиерот Димитров ја истакна важноста на регионалната соработка во подготовката за членство во ЕУ, но и заради зајакнување на стабилноста и отпорноста на регионот.

– Поврзувањето на регионот и продлабочувањето на блиската соработка на нашите земји значи придонес кон постабилен и поотпорен Западен Балкан, а воедно е и значаен сегмент за процесот на европеизација на регионот. Заемната поддршка за исполнување на стратешките цели и приоритетите на секоја земја и обединетоста кога станува збор за прашања кои го засегаат регионот се во полза како на националните, така и на колективните интереси. Тоа е потврда за зрелоста на регионот и способноста за носење на одлуки и демонстрирање лидерство кога станува збор за мирот и просперитетот на Европа, нагласи Димитров на средбата.

Соговорниците разговараа и за актуелностите во однос на состојбите во регионот и очекувањата врзани за европската перспектива чие доследно реализирање подразбира приоретизирање на политиката на проширување преку одлучност и динамика на пристапниот процес.

Тие изразија очекување дека позитивниот тренд во билатералната соработка ќе продолжи и во иднина, како во однос на економско-социјално зајакнување на регионот, така и во рамки на градењето на заедничката европска иднина и споделувањето искуства во процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот