Димитров: Имаме историска шанса со мудра политика да станеме природни сојузници со Грција

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Имаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници, му рече денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров на новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република во земјава, Димитрис Јанакакис.

Јанакакис на Димитров му ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување за амбасадор во земјава, по подигнувањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасадата на 31 мај 2019 година.

Согласно Преспанскиот договор, шефот на дипломатијата, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази очекување дека отворената поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Македонија ќе продолжи и во оваа фаза од процесот, имајќи го предвид заедничкиот бенефит.

Димитров изрази и увереност во натамошно продлабочување, збогатување и интензивирање на односите меѓу двете земји. Го запозна соговорникот со постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на Македонија во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври.

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развој на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот