Димитров и Захариева разговараа за Договорот за добрососедство

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на Зедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година, а со кој ко-претседаваа министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

„Покрај Димитров и Захариева, на состанокот учествуваа и високи претставници од двете земји од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; а се зборуваше за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во рамките на денешните активности, беа одржани тет-а-тет средби на колегите од владините ресори на двете држави, како и заедничка пленарна седница на која беше направена рекапитулација на динамиката на односите и соработката, согласно начелата и обврските кои произлегуваат од Договорот. Потенцирана беше важноста и значењето од инфраструктурната и енергетската поврзаност за развој на односите меѓу земјите, од аспект на продлабочување и интензивирање на економската соработка. Посебен акцент беше ставен на конкретните проекти и активности, како и нивна реализација.  Димитров уште еднаш ја нагласи важноста на Договорот и неговото значење за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија: „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка претставува темел на мостот кој треба да не’ зближи. Процесот на преминување на истиот е долг, може да помине време, но со сигурни и стабилни чекори на другата страна ќе не’ дочека пријател ”, се наведува во соопштението од МНР.

Димитров се заблагодарил за бугарската поддршка на заложбите за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот