Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Никола димитров и Бујар Османи, Фото: Архива

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на вториот ден од посетата на Брисел, ќе имаа средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Предвидено е Димитров и Османи да се сретнат и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, како и со претставници на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување.

Се очекува на средбите Димитров и Османи повторно да ги истакнат очекувањата од ЕУ да се даде засилено внимание на евроинтегративниот процес, особено во случајот на Северна Македонија која од март минатата година има консезуална одлука од сите земји членки за отпочнување на преговорите.

Истата порака тие му ја пренеле и на министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, на синоќешната средба во Брисел.

Силва истакнал дека  Португалското претседателство со Европската унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направат сѐ што е во нивна моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Во рамките на работната посета на Брисел, Димитров и Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, вчера имаа средби и со министерите за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и на Финска, Пека Хависто,од кои исто така, добија поддршка за евроинтеграцијата на С.Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот