Димитров и Царовска возеа велосипеди низ Скопје: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме (ФОТО+ВИДЕО)

Ако сакаме да бидеме здрава нација, треба да обезбедиме соодветна инфраструктура за велосипедите, истакна Никола Димитров, носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, кој утрово заедно со ко-носителката Мила Царовска предводеа колона велосипедисти од Паркот на новинарите преку центарот на градот и населбата Аеродром, до Градскиот парк во Скопје.

Иницијативата беше отворена за сите граѓани љубители на велосипедизмот, кои им се придружија на носителите во голем број, покрај на велосипеди, имаше и скопјани кои дојдоа со електрични тротинети и ролери.

-Почитувани скопјанки и скопјани, денес тукушто завршивме една убава иницијатива – возевме на велосипеди, на точаци, низ победничко Скопје. Симболот, мотото беше: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме. Државата ни полни 29 години оваа година, долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со Европската Унија. Имаме огромна шанса и имаме намера да ја зграпчиме и да ја искористиме- рече Димитров.

Во среда 15 јули, потенцираше тој, вие одлучувате дали ќе одиме напред. Од едната страна имаме напредок, од другата страна имаме враќање назад и буквално, пустош и катастрофа. Немојте да мислите дека некој друг ќе одлучи.

-Вашиот глас е важен, секој глас е важен. Излезете, гласајте дадете правец каде сакате да ни оди нашата Македонија. Меѓу другото, сакаме да дадеме и политичка поддршка на велосипедскиот транспорт, и во Скопје и во другите градови, и меѓуградскиот велосипедски транспорт. Ако сакаме да бидеме здрава нација, треба да обезбедиме соодветна инфраструктура за велосипедите- рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот