Димитров и амбасадорката Брнс ќе го пречекаат Помпео

Фото: Слободен печат

На збирното место пред аеродромот Апостол Павле во Охрид се собрани бројни екипи од земјата и странство кои се дојдени да ја проследат посетата на Мајк Помпео на нашата земја.

Може да се забележи дека се се одвива по строги правила и прописи, како што е според очекувањата при посета на високи странски функционери.

Претставниците на медиумите ќе се движат според пропишаната агенда и нема да може да направат некаков исчекор на страна од предвиденото.

Инаку пристигнувањето на државниот секретар Мајк Помпео се очекува да се случи околу 13.30 часот кој ќе биде пречекан од министерот Никола Димитров и најверојатно и амбасадорката на САД во земјата, Кејт Брнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот