17 C
Скопје

Димитров: Европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата

Непосветувањето вистинско внимание, неангажирањето во земјите од регионот кој што географски му припаѓа на Европа, би претставувало стратешка грешка на Европската Унија. Кога не зборуваме гласно во одбрана на европските принципи ЕУ ослабува, без разлика дали сме граѓани на земја членка или земја кандидат за членство во Унијата. Задачата на проширувањето како европска политика е примена на нејзините вредности и тој процес не треба да биде во заложништво на билатерални прашања.

Тоа го истакнал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во он-лајн обраќање на Европскиот самит во Прага на панелот насловен „Обновувањето по кризата предизвикана од КОВИД 19, како можност за посилна Европа од перспектива на земјите од Западен Балкан”, информира владиниот Секретаријат за европски прашања.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Осврнувајќи се на процесот на проширување, Димитров нагласил дека соочувањето со своите предизвици одвантре, оди рака под рака и со европскиот проект чија суштина е стабилноста, мирот и европскиот начин на живот кој се отсликува преку демократија чие начело е владеење на правото.

Димитров истакнал дека Северна Македонија ќе продолжи со обидите да бара достоинствено решение, почитувајќи го нашето право на самоопределување, во рамки на европските принципи.

-Истовремено, без разлика на исходот, европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата. Реформите ќе продолжат бидејќи вистинската цел на пристапниот процес всушност е токму европеизацијата, внесувањето на европските стандарди дома. Во тој процес секоја помош од нашите пријатели ќе биде добредојдена, рекол Димитров.

Прочитајте и...  Ќе зажалите по Борисов, Захариева и Каракачанов!

Тој на панелот нагласил дека справувањето со глобалната пандемија предизвикана од КОВИД 19 ја покажа солидарносноста на дело.

Европската Унија, како што навел Димитров, справувајќи се и самата со предизвиците од КОВИД 19, неодамна одобри Економски инвестициски план, со цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, но и да ја поттикне регионалната економска интеграција преку обезбедување грант во висина од девет милијарди евра во рамките на ИПА III, средства кои се од витално значење за закрепнувањето на економиите на земјите од Западен Балкан.

– Оваа финансиска помош е доказ за поддршката на ЕУ за Западен Балкан, која воедно има свој придонес  и во зајакнувањето на меѓусебното партнерство, рекол Димитров и потенцирал дека заедничкиот одговор во борбата против КОВИД 19, всушност потврди дека координираните политики и мерки може да го олеснат и да го забрзаат социоекономското закрепнување

Прочитајте и...  Земјите од Г7 загрижени за трупањето руски сили на границата со Украина

Поврзани вести

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

„Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Слободен печат

Мицкоски – Браун: Од големо значење е силната поддршка од „Конрад Аденауер” и ЦДУ

Слободен печат

Намалување на бројот на заразени со ковид-19, но смртноста е поголема за 6 проценти во однос на минатата недела

Слободен печат

Денеска се регистрирани 1 129 нови случаи на ковид-19, а починати се 27 лица

Слободен печат

Нови 3.572 случаи на коронавирус во Србија, починаа 35 лица

Слободен печат

Остави Коментар