Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Фото: МИА

 Естонското искуство и перспектива од интегративниот процес е многу важно, гледајќи ја трансформацијата што го овозможи процесот и членството во ЕУ. Токму ова искуство, пренесено низ зајакната билатерална соработка во различните сфери може многу да ѝ користи на Северна Македонија на најзиниот пат кон европеизација, порача денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров по средбата со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент во Талин.

Како што соопшти СЕП, Димитров на средбата го презентирал и напредокот во клучните реформски области, со особен фокус на кластерот „Темели”, подвлекувајќи дека Северна Македонија е одлучна дека европските вредности мора да се донесат дома.

-Естонските парламентарци се сложија дека ЕУ треба да ги вложи сите напори за што побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, по што би следело одржување на првата меѓувладина конференција, нагласуваат од СЕП.

Вицепремиерот ја поздравил меѓу-парламентарната соработка на двете земји, подвеклекувајќи дека пренесувањето на естонските искуства од интегрирање на ИКТ алатките во работата на законодавниот дом ќе придонесат кон значително унапредување и модернизирање на работата на македонскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот