Димитров: Донесување на законот за ЈО е тест за тоа дали сите сакаме во ЕУ

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Ова во интервју за МИА го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој вчера се сретна со Вархељ, откако еврокомесарот претходно имаше средби со сите високи државни претставници во земјава, со власта и опозицијата.

Конзистентност имаше во една од клучните пораки што вчера за време на посетата на Северна Македонија ја испрати еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.

Ова во интервју за МИА го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој вчера се сретна со Вархељ, откако еврокомесарот претходно имаше средби со сите високи државни претставници во земјава, со власта и опозицијата. Димитров имал можност да присуствува на три од тие средби и тој верува дека прашањето за законот за јавно обвинителство пред избори било отворено на сите состаноци.

– Мислам дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ја и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски се пред тест дали тоа што постои во сите програми – највисокиот приоритет, европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија, го пишуваме или велиме како декларација или сме спремни да се вложиме во тоа. Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е. Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее, нагласува Димитров.

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања”.

Тој додава дека многу брзо ќе дознаеме за тоа како ќе помине овој закон во актуелниот парламентарен состав, а во интервјуто со министерот за надворешни работи зборувавме и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, можноста тој да се укине како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за реализациите со Мицотакис, за новото законско решение за Министерството за надворешни работи, за концептот техничка влада и за неговите очекувања од претстојните избори.

МИА целото интервју со видео материјалот ќе го објави утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот