Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Под мотото „Возиме сите напред кон Европската унија таму каде што припаѓаме” носителот на листа во ИЕ 1 од коалицијата „Можеме” Никола Димитров заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата возеа велосипеди низ, како што велат, победничко Скопје.

-Државата ни полни 29 години оваа година. Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со Европската унија. Имаме огромна шанса и имаме намера да ја зграпчиме, да ја искористиме. Во среда, 15 јули вие одлучувате дали ќе одиме напред. Од едната страна имаме напредок, од другата страна имаме враќање назад и буквално пустош и катастрофа, истакна Димитров.

На граѓаните им порача да излезат и да гласаат, и да дадат, како што рече, правец каде сакаат да оди нашата Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот