18.8 C
Скопје

Димитров: Доколку не се добие датум тоа ќе биде и на штета на Унијата

Ако имаше една позитивна работа од овие јалови обиди во изминативе две години, вели Димитров, и тоа повеќе проблемите беа од страна на ЕУ, отколку од наша страна.

Хајко Мас кога изјави дека доколку се случи најлошото сценарио, односно да не се добие датум за почеток на преговорите ќе биде и на штета на Германија и на Унијата, мислеше дека политиката на проширување не е интерес само на Балканот, туку и на самата ЕУ, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Дека Европа ќе биде побезбедна и посигурна ако во овој регион владеат европските вредности, институциите се силни, политиките се на линија со европските политики. Овие денови за жал е актуелна мигрантската проблематика. Не може Европа да е безбедна и сугурна, ако не е во корелација со нашите политиките како и со другите држави од регионот. Заедно сме во ова,  географијата го диктира тоа, економијата го диктира тоа- рече Димитров.

Ако имаше една позитивна работа од овие јалови обиди во изминативе две години, вели Димитров, и тоа повеќе проблемите беа од страна на ЕУ, отколку од наша страна. Конечно политиката на проширување стана предмет на внимание и дискусија на највисоко ниво и мислам дека новата методологија обезбедува едно оживување, враќање на маса на таа политика. Мислам дека тоа е плус.

-Јас бев во Минхен, го чекав министерот за надворешни на Луксенбург да излезе. Бев малку во салата, малку надвор од неа кога Макрон ја даде досега можеби најпозитивната јавна изјава во однос на проширувањето – кога рече – задоволни сме со новата методологија. Тоа е првиот чекор. Чекаме на мини извештаите, ако се позитивни тоа ќе биде втор чекор што ќе овозможи сериозно да го разгледаме прашањето за почетокот на преговорите. Така што работите одат кон заеднички успех. Позитивно е што европската иднина на овој регион е неспорна и за Франција. Тие сметаат дека процесот станал премногу технички и развлечен- рече министерот за надворешни, Никола Димитров, околу ставот на Франција и новата методологија.

Поврзани вести

Пукотница во Колорадо: Вооружен напаѓач уби едно лице и полицаец

Слободен печат

Приведено лице во Драчево по распишана централна потерница

Слободен печат

Дендиас: Грција можно е кривично да ги гони одговорните за киднапирањето на летот на Рајанер

Слободен печат

ВИДЕО | Андоновиќ: Тензии во Црна Гора – владата на Кривокапиќ пред оставка поради резолуцијата за Сребреница

Слободен печат

Анкета за бугарските избори: Разликата меѓу ГЕРБ и „Има таков народ“ е помала од 2 отсто

Слободен печат

Благоја Милевски ќе биде наследникот на Ангеловски

Слободен печат

Остави Коментар