Димитров-Дендиас: Грција да биде наш поддржувач и промотор на интеграцијата во ЕУ

Видувањата за најновата состојба во билатералните односи, состојбите во регионот, како и неговата европска перспектива по исходот на последниот Европски совет, биле главните теми на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот грчки колега Никос Дендиас на маргините од Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан”.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров изразил задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Во тој контекст, Димитров, како што се посочува во соопштението, го нагласил очекувањето Грција да продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор на нашата интеграција во ЕУ.

Прочитајте и...  Официјалната обдукција потврди: Џорџ Флојд починал од срцев застој, имал многу модринки и исеченици

Двајцата министри се согласиле за можностите за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирањето на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, преку понатамошната имплементација на Преспанскиот договор.

Димитров е дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев, која учествува на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан”.

Прочитај повеќе

Османи: Погледнете како за 30 минути се пренесува вирусот на заеднички ручек или вечера (ВИДЕО)

Слободен печат

Портпаролката на СДСМ е негативна на тестот за Ковид-19

Слободен печат

Италија ниту после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Слободен печат

Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џорџ Флојд

Слободен печат

Виница: Товарно возило удри во две лица, почина 47-годишна жена

Слободен печат

ТВИТЕР ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА: Социјалната мрежа ја блокираше снимката на Трамп за убиениот Флојд

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ТВИТЕР ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА: Социјалната мрежа ја блокираше снимката на Трамп за убиениот Флојд

Слободен печат

Безбедноста и здравјето на туристите и туристичките работници главен приоритет на Грција во пресрет на летната сезона

Слободен печат

НОВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА ОД САД: Полицајци удрија и срушија 75-годишен маж на земја (ВИДЕО)

Слободен печат

Вјоса Османи: Косово од 2016 година доби неколку десетици милиони евра од Србија и тоа остана во тајност

Слободен печат

Бислимоски: Не очекувам било какви проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на Ковид-19

МИА Агенција

Босанец со нож повредил тројца полицајци во Њујорк: Постојат сомненија дека се работи за Исламистички тероризам

Слободен печат