Димитров-Брегу: За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска имаше средба со Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС), Мајлинда Брегу која престојува во работна посета на Северна Македонија.

Како што соопшти СЕП, на средбата се разговараше за планот на активностите на Советот за регионална соработка, со акцент на приоритетите во наредниот период, кои се во насока на олеснување, промоција и унапредување на регионалната соработка, а се со крајна цел – европеизација на регионот.

Вицепремиерот Димитров нагласи дека во периодот кој следи Владата останува посветена на европската агенда во духот на добрососедските односи, со фокус на регионалната соработка, исклучително значаен сегмент за процесот на европеизација на регионот.

Прочитајте и...  Помпео: Вашингтон е согласен да го продолжи Договорот СТАРТ со Русија

За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста. Заедничкиот ангажман со Советот за регионална соработка за намалување до конечно укинување на роамингот во земјите од Западниот Балкан ќе биде еден од директните бенефити за граѓаните на регионот, порача Димитров.

Соговорниците ја потенцираа важноста од непречено поврзување на регионот во повеќе области, што особено дојде до израз со ограничувањата предизвикани од пандемијата. Беа разгледани и плановите за спроведување на планираните активности на РСС за продлабочена соработка во единствена економска област во регионот, базирана на четирите слободи на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан. 

Поврзани вести

ВИДЕО: На вештачки остров во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот: Две Гинисови атракции на вода во ист емират

Слободен печат

Алијанса на Албанците: Николовски да одговори дали се согласува со непотизмот на ДУИ?

Слободен печат

Нови рестрикции во Словенија: Се затвораат градинки, хотели и дел од продавниците

Слободен печат

Путин сподели свои сознанија: Во Нагорно Карабах загинале близу 5.000 луѓе на двете страни

Слободен печат

Ќе вроди ли со плод објаснувачката мисија на Георгиевски во Софија?

Маријана Митровска

Бугарскиот министер за здравство: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Слободен печат

Остави Коментар