Димитров: Безобразно лажна вест е дека си заминувам од МНР

Безобразно лажна вест е информацијата дека министерот за надворешни работи Никола Димитров со најавената реконстуркција на Владата ќе си замине од оваа функција и својата професионална кариера ќе ја продолжи во САД, кометнираат од неговиот кабинет.

„Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција“, коментираат од неговиот кабинет, откако некои портали објавија дека тој ќе замине да работи во престижен институт во Вашингтон, САД.

Според објавените информации, министерот Димитров наскоро ќе ја напушти Македонија и заминува на ново работно место како виш советник и аналитичар во „Брукингс институтот“ во Вашингтон.

Оваа понуда за нова кариера во Америка министерот Димитров наводно ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се збори дека делумно помагала во пишувањето на Договорот со Грција.

Димитров наводно оваа своја опција му ја соопштил и на премиерот Заев на почетокот на март оваа година, откако видел дека дефинитивно тој нема да биде кандидатот на власта за претседател на државата, понуда на која искрено се надевал и ја очекувал после ставањето на својот потпис за „Северна Македонија“ на Преспанскиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот