Димитров: Без датум за ЕУ нема имплементирање на Договорот од Преспа

Договорот од Преспа не може да се имплементира без почеток на преговори со ЕУ, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната собраниска расправа на тема „Осврт на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по Самитот на Европскиот совет во октомври 2019„. Димитров објасни дека Договорот со Грција се потпира на четири столбови, односно членството во НАТО, кое е извесно, почетокот на пристапните преговори со ЕУ, градење на пријател од проблем и чекор кон затворање на македонското прашање.

– Во Преспанскиот договор целосната имплементација на нашите обврски е врзана со пристапниот процес кон ЕУ. Во однос на внатрешните документи и материјали веќе постоечки, нашите почнуваат и завршуваат во рок од 5 години од отворање на поглавјата. Преспанскиот договор не може да се имплементира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон ЕУ. Исто така, како што не можеше да стапи во сила ако грчкиот Парламент не го ратификуваше и пристапниот протокол за НАТО членство – рече Димитров.

Димитров посочи дека не смееме да паднеме во замката на менталитетот на губитник како што тоа го направила претходната власт и дека нема да дигнеме раце додека не успееме.

Тој претходно кажа дека нема да дигнеме раце додека не успееме, без разлика дали тоа ќе го направиме со опозицијата или покрај опозицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот