Димитров: Атрактивноста на ЕУ е во нејзиниот наратив, но за истиот да биде одржлив ни треба повеќе од ветување на хартија

Атрактивноста на ЕУ е во нејзиниот наратив, но за истиот да биде одржлив ни треба повеќе од ветување на хартија. Партнерствата се валоризираат низ призмата на ветувањата и очекувањата.   А нашите очекувања од ЕУ се повеќе од оправдани, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера на Карловиот Универзитет во Прага.

Димитров имаше настап на панелот „Неисполнетото ветување на ЕУ за Западен Балкан – време за стратешка одлука во рамки на Хрватското претседателство со ЕУ” што беше дел од дебатата насловена „Заживување на агендата на проширувањето на ЕУ: 2020 – нова можност за Западен Балкан” во организација на Европскиот институт за политики – ЕУРОПЕУМ.

Како што е наведено во соопштението од МНР, на аудиториумот составен од претставници на тинк тенк заедницата, академската заедница, невладини организации, дипломатскиот кор, министерот Димитров им го претставил македонскиот случај во контекст на евроинтегративниот пат и предизвиците на истиот.

Прочитајте и...  Филипче: Почина првиот доктор од компликации на коронавирусот

Запознавајќи ја публиката со историскиот и политичкиот контекст од независноста и реактуелизирањето на политиката на проширување, министерот Димитров го потенцирал претстојниот период како есенцијален, каква што е и корелацијата на резултатите и временската рамка од пролетната агенда на ЕУ.

Копанелестите, чешкиот заменик-министер за надворешни работи Алеш Хмелаж, директорот на институтот Владимир Бартовиц, Јана Јузова, експерт за Западен Балкан во Еуропеум и соговорниците од публиката во разговор со министерот Димитров ја коментирале позитивната динамика на политиката на проширување од октомври минатата година, што им дава за право да очекуваат наскоро и позитивен исход за Северна Македонија.

Во рамки на првиот ден од работната посета на Прага, покрај билатералната средба со чешкиот министер за надворешни работи Петричек и учеството на панелот, министерот Димитров имаше средби и со претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент Радек Вондрачек и со државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова на кои беше изразена силна поддршка за Северна Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, поздравени реформските постигнувања и добрососедските односи.

Прочитајте и...  Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада

Министерот Димитров денеска ќе учествува на годишниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, што се организира во рамки на Чешкото претседавање со Вишеградската група.

Прочитај повеќе

Нови 115 случаи на коронавирус, седум лица починаа, а 40 се излекувани

Слободен печат

Мицкоски од Прилеп: Ние чуда не ветуваме, тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме

Слободен печат

Почина академскиот сликар и професор Ангел Петров

Слободен печат

Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада

Слободен печат

Силјановска Давкова: Болна држава не може да се справи со Ковид-19, после 15 јули да ја прославиме обновената политика

Слободен печат

Конфиндустрија: Јавниот долг на Албанија може да надмине 100 проценти од БДП

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Папата ги поздрави напорите на СБ на ОН за воспоставување примирје низ светот

Слободен печат

Спасовски: Народот го избира премиерот

Слободен печат

Зибери: Стимулирање на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра

Слободен печат

Шекеринска од Кичево: Невработеноста ќе ја намалуваме се додека таа не добие едноцифрена вредност

Слободен печат

Николовски од Кочани: Докажавме дека може да се гради и инвестира во целиот Исток

Слободен печат

Излезеноста на изборите во Хрватска до пладне е 18,09 проценти

Слободен печат