Димитров: Ако веќе не помагате, во време на вонредна состојба, аман не одмагајте!

Tврдења на опозицијата дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 илјади евра (1.457.517 денари) за патувања во странство. Ова, потенцира, е чиста лага.

Во време кога ресурсите, напорите, вкупната енергија на целата нација се насочени во борбата против коронавирусот, опозицијата се однесува небаре е друг, политички „вирус”, фабрика за лажни вести, напаѓајќи ги институциите преку ширење клевети и ноторни лаги, вели во писмена изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Ако веќе не помагате, во време на вонредна состојба, аман не одмагајте, срамота е!, истакнува Димитров.

Според него, денес наместо целосно да се занимава со проблеми на граѓани, камионски транспорт, странска помош за кризата, дел од времето мора да го потроши на, како што вели, на зелените (но не во смисла на екологија) тврдења на опозицијата дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 илјади евра (1.457.517 денари) за патувања во странство. Ова, потенцира, е чиста лага.

Прочитајте и...  Руски виролози пристигнаа во Ломбардија, им помагаат на лекарите во борбата против вирусот (ВИДЕО)

Вистината, според министерот, е дека тој лично во март нема ниту патување во странство, а последното патување пак на дипломат од МНР во странство е на 3 март. Оттука, појаснува, МНР меѓу 17 и 20 март за службени патувања има потрошено нула денари.

-Приказот од трезорот што го злоупотребуваат се однесува: на претходно реализирани авиокарти на дипломати од МНР во износ помал од 1.500 евра (91.060 денари) и на редовна месечна дознака за патни трошоци на нашите амбасади низ светот, на сите 57 дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во износ од приближно 22.000 евра (1.366.457 денари) односно нешто под 400 евра по ДКП, вели Димитров.

Појаснува дека трезорот со самото дозначување на овие средства од МНР до ДКП-та нив ги смета како веќе реализирани трошоци, иако реално истите се реализираат сукцесивно, во текот на месецот, од секое ДКП посебно, за извршување на своите редовни задачи.

Прочитајте и...  Групите за човекови права во Африка со силна реакција на однесувањето на полицијата: „Тие уживаат да ги напаѓаат граѓаните“ (ВИДЕО)

-Е сега, оти ова е тотално редовна активност, навистина згрозува фактот што се злоупотребува од луѓе кои ја разбираат, кои точно знаат за што се работи и сепак одлучиле да манипулираат и да лажат, во време кога МНР е една од клучните алки во борбата против маката што не’ снајде. Овие обиди за саботажа, овие гнасни игри нема да дозволам да фрлат дамка врз работата на Министерството. За оваа пропаганда ќе си покренам соодветни постапки,  истакнува Димитров.

Оценува дека во недела кога татковината се зачленува во НАТО, кога ЕУ одлучи да започне пристапни преговори – национални стратешки интереси со децении – можеби и ќе беше премногу да се очекува, како што вели, „здружението” да успее да се издигне и да честита на историскиот успех. Но, додава, минимум достоинство и човечки вредности ќе наложат воздржување од лаги барем додека трае оваа битка во која за жал, очигледно коронавирусот не е единствениот непријател на македонските граѓани и на државата.”

Прочитајте и...  Негативни тестовите на 15 граѓани од Кочани

Прочитај повеќе

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шпанската полиција стана вистински хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Стравотна тишина и бројни полициски контроли на скопските улици (ВИДЕО)

Горан Наумовски

Проповедник позитивен на коронавирус посетил 15 села во Индија, засега непознато колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Слободен печат

Го бранеше Трамп со тезата дека коронавирусот е измама на демократите, па доби отказ од Фокс њуз

Слободен печат

Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО)

Слободен печат

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Сите баратели на азил во Португалија ќе станат постојани резиденти

Слободен печат