Димитров: Ако младите решат да нè биде, ќе нè биде

Иднината се младите и ако тие решат и по еден глас, преку гласање, преку своето ливче одлучат да нè биде, тогаш ќе нè биде како држава, изјави денеска Никола Димитров, носител на ИЕ 1 од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме”, по средба со една група млади граѓани.

Сакам да ги повикам сите, овие неколку години да докажеме дека можеме сите како држава да влеземе во Европа, а не еден по еден преку иселување. Да работиме заедно, да имаме верба во себеси. Во 2024 прашањето „дали можам да успеам дома” да не биде веќе прашање.”, изјави Димитров.

На оваа средба присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевки, кој рече дека на секој еден млад човек до 29 години, ќе го враќаме персоналниот данок директно на неговата сметка.

– Младинскиот додаток, на сите млади кои што се вклучени во производството, а коишто имаат до 23 години, повторно ќе добиваат средства коишто дополнително ќе ги стимулира младите да бидат дел од производството. Покажавме дека можеме многу, покажавме дека можеме уште повеќе и уште подобро, потенцираше Каевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот