Димитриоски си замина од Вардар и потпиша за Еурофарм Пелистер 2

фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ.

Димитриоски доаѓа во Битола од тимот на Вардар 1961, клуб со кој минатата сезона ја освои Суперлигата и Купот на Македонија. Во новата средина Димитриоски ќе ја смени и својата улога и ќе игра на позиција среден бек.

23-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

 

Клубот ќе го претстави Димитар Димитриоски во текот на неделата со церемонија во клупските простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот