Димитријевиќ запиша 10 асистенции во триумфот на Уникс Казан во ВТБ лигата

фото: instagram.com/unicsbasket

Денеска во својот 15 натпревар во руската ВТБ лига сезонава екипата на Уникс Казан славеше против Енисеј со 79:89.

Во победата македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за нешто повеќе од 26 минути поминати на паркетот забележа шест поени, а запиша и 10 асистенции, колку што иимаше и Џејмс Томпсон на спротивната страна.

За Уникс Казан најефикасен беше Дерил Мејкон со 27 поени, а за Енисеј доминираше Анџело Варнер со 17 коша.

Моментно на табелата Уникс Казан е на второто место (13-2), зад водечката ЦСКА Москва (14-0) на нашиот тренер Емил Рајковиќ.

Својот нов меч во ова натпреварување ЦСКА Москва ќе го има за два дена против Минск, а на 11 декември Уникс Казан е домаќин на Зенит Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот