Димитријевиќ втор стрелец против Зенит во победата на Уникс

фото: instagram.com/unicsbasket

Денеска во својот прв натпревар од руската ВТБ лига составот на Уникс Казан славеше на гостувањето кај Зенит Петерсбург со 79:82.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во триумфот со 17 поени.

Поефикасен од нашиот играч беше само Американецот Џален Рејнолдс со 22 поени. На спротивната страна 18 коша беа дело на Игор Волхин.

Следниот меч Уникс Казан ќе го има 9 октомври на домашен терен против екипата на Енисеј.

Димитријевиќ веќе покажува зошто е клучен играч на тимот, пред седум дена нашиот плејмејкер имаше феноменална партија од 30 поени против белградски Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот