Димитријевиќ со скромен учинок во победата на Уникс

Фото: unicsbasket/Instagram

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со неговиот Уникс се вратија на победите во ВТБ лигата.

На стартот од вториот дел тимот на Димитријевиќ беше убедливо поразен од Локомотив Кубан, меѓутоа вечерва се рехабилитираа против МБА Москва славејќи на гости со убедливи 63:94.

Победникот беше одлучен во последната четвртина во која Уникс беше посебно убедлив и славеше со 10:30.

На паркетот Димитријевиќ помина 17 минути и во нив имаше учинок од: четири поени, две украдени топки и две асистенции. Покрај победата Уникс Казан остана на второто место на табелата зад ЦСКА Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот