Димитријевиќ фантастично ја отвори сезоната, Уникс подобар од Локомотив Кубан

Фото: nenodimitrijevic/instagram

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за победата на Уникс во новата сезона во ВТБ лигата.

Димитријевиќ тргна моќно во новиот шампионат и во реприза на минатогодишното финале го совлада Локомотив Кубан со убедливи 91:73. Од самиот почеток Димитријевиќ беше одличен и постигна 12 поени во првите 15 минути.

Потоа Димитријевиќ влезе во проблеми со личните грешки, но по враќањето во третиот период имаше нова серија и не дозволи Уникс во ниту еден момент да се надева дека може да се врати во натпреварот.

Натпреварот нашиот репрезентативец го заврши со 22 поени и седум асистенција, најавувајќи дека и сезонава ќе биде еден од лидерите на актуелниот шампион во одбраната на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот