Димитријевиќ за „магијата“ против Барса: Си помислив, зошто да не..! (ВИДЕО)

twitter.com/Penya1930

Шпанците не ја забораваат магијата на нашиот плејмејкер кој имаше фантастичен потег во дресот на Хувентуд на дуелот со каталонскиот гигант.

Во текот на минатата година македонскиот кошаркарски репрезентативец во дресот на Хувентуд имаше потег кој не се гледа така често на паркетите.

Иако неговиот клуб беше поразен на таа средба против Барселона, Ненад Димитријевиќ во еден контра напад едноставно го „издрибла“ неговиот чувар Маркус Дилејни и тоа го круниса со поени за делириум на трибините.

Едно лето го направив истото како шега, но никогаш на тренинзите или било каде. И си помислив, зошто да не – се зборовите на нашиот репрезентативен плејмејкер на Твитер профилот на „Лига Ендеса“.

Подоцна оваа мајсторија беше прогласена и за потег на колото во најдобрата шпанска кошаркарска лига.

Кога сме веќе кај „Лига Ендеса“, според информациите одлучено е оваа сезона да заврши со 12 учесници во текот на две недели, а како домаќини се нудат Андора и Лас Палмас, односно Канарските острови.

Идејата за ваков турнир во еден град не наиде на разбирање од Здружението на играчите, не толку поради формулата за завршување на лигата, колку поради гаранцијата на здравствените власти без чија дозвола не вреди ни да се зборува за одржување на натпревари.

Видео на денот