Димитријевиќ во Топ 3 кандидати за „Ѕвезда во подем“ во Еврокупот!

Оваа сезона, младиот Македонец има навистина одлични бројки во второто според квалитет кошаркарско натпреварување во Европа.

Секоја сезона, Еврокупот објавува подолга листа на млади, талентирани играчи, од целиот свет, но само еден од нив може да се закити со признанието „Ѕвезда во подем“.

Единствениот критериум во овој избор е играчот да не биде постар од 22. години, односно тоа да се смета како датум, пред 1. јули од стартот на сезоната.

Оваа сезона повеќе од 60. млади кошаркари бел дел од Еврокуп натпреварувањата, но само 15. Од нив „влегоа“ во ТОП 16 фазата, и кои ги одиграа последните осум мечеви од ова натпреварувања.

Од таа подолга листа, „книгата падна“ на три имиња, а еден од нив е нашиот Ненад Димитријевиќ.

Иако важи како дебитант во ова натпреварување, македонскиот репрезентативец е еден од оние кои ќе останат запаметени по силните бројки преку кои се гледа напредокот во неговата игра во текот на оваа сезона од Еврокупот.

Прочитајте и...  Прекрасната ќерка на „Вујо Мајсторе“ (ФОТО)

Досега има просек од 11.9 поени, со 64.8% реализација во шутот за два поени, и 86.7% од линијата за слободни фрлања, плус и 3.9 асистенции. Тој перформанс е доволен за индекс-рејтинг 12.9 на 14 одиграни мечеви во ова натпреварување.

Вклучително и три во стартната петорка на Хувентуд.

Уште подобри се неговите бројки во ТОП 16 фазата на Еврокупот. Има просек од 14.поени, со 73.1% на реализација во шутот од поле, како и 4.5 асистенции по меч со „коефициент на полезност“, односно „ПИР“ – 14.5.

Неговата реализација за два поени во ТОП 16, е шеста во вкупниот поредок кај најдобрите бекови во Еврокупот.

Како што објаснуваат на сајтот на Еврокупот, „продуктот на младинската школа на Хувентуд“, најдобрата игра ја имаше во 6.коло, кога на дуелот против францускиот Нантер реализираше 23.поени.

Прочитајте и...  Милан испушти победа, Роналдо 11. натпревар по ред ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Противкандидати за оваа ласкаво признание на Еврокупот, односно конкуренција, му се: Мартинас Ечодас, играчот на Ритас од Вилнус, односно Килијан Хајнс, кој настапува за германскиот Улм Ратиофарм.

Прочитај повеќе

Барди и Леванте ги симнаа „кралевите“ од тронот (ВИДЕО)

Слободен печат

Јокиќ чита книги за коњи, а ние победуваме

Слободен печат

Милан испушти победа, Роналдо 11. натпревар по ред ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Слободен печат

Алушовски: Верувам дека Вардар идната година ќе игра во Лигата на шампионите

Слободен печат

Вернер нема дилема: Клоп е најдобар тренер во светот

Слободен печат

Петарда на Лајпциг во Гелзенкирхен, Халанд не запира да ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

1 × 3 =

Прочитај повеќе

„Граѓаните“ на крилјата Жезус до триумф над Лестер (ВИДЕО)

Слободен печат

Федерер откри што ќе прави во пензија

Слободен печат

Поранешните вардарци на цена, Србија за прв пат во историјата ќе добие селектор-странец

Слободен печат

Шпанската полиција која уапси екс фудбалер на Реал Мадрид открива во која лига има највеќе местенки

Слободен печат

„Покерот“ на Меси ги смири навивачите на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Порто со фуриозно второ полувреме го реши Вардар

Слободен печат