Димитријевиќ: Верувам дека можам да бидам лидер на репрезентацијата!

фото: kfsm.mk/

Шпанската екипа на Хувентуд Бадалона се подготвува за настапот во Еврокупот, а својот прв натпревар во новата сезона ќе го има денеска од 20.45 часот на домашен терен против белградски Партизан во рамките од групата „А“.

Во редовите на Хувентуд игра и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој во интервјуто за „Спорт Клуб“ за очекувањата во новата сезона, за својот клуб, како и на репрезентативно ниво.

– Се радувам на натпреварот со Партизан, како и на почетокот на Европкупот. Во првенството веќе одигравме три меча, учествувавме и на завршниот турнир во АЦБ лигата во јуни во Валенсија и колку-толку се навикнавме да играме без публика. Пред навивачи играме цел живот, чудно е пред празни трибини, особено кога играш на домашен терен – рече Димитријевиќ.

фото: kfsm.mk

И Лестер Бо МекКејлеб своевремено настапуваше за Партизан, а подоцна го облече и дресот на нашата најдобра селекција со која успеа да го освои четвртото место на ЕП 2011 год.

Бо МекКејлеб, го сакав, подоцна во Шпанија и играв против него, но отсекогаш на место број еден беше Милош Теодосиќ. Тој ми е пример и еден од најдобрите играчи. Го гледам и уживам. Многу научив од него само гледајќи го. Неверојатен играч – додаде нашиот плејмејкер.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров не започнаа најдобро во квалификациите за Европското првенство 2022 година со два стартни порази дома од Естонија и на гости од Русија. Но, Димитријевиќ се надева дека репрезентацијата ќе се врати на вистинскиот пат.

– Мислам дека треба да одиме чекор по чекор. Во тек се квалификациите за Европското првенство и доколку успееме да се пласираме би било тоа голем успех и за мене и за државата. За кариерата на секој играч е важно да направи нешто во репрезентацијата. Да остави трага. Среќен сум и верувам дека можам да бидам лидер на репрезентација – вели Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот