Димитријевиќ со тешка задача во четвртфиналето на Еврокупот

Фото: kfsm.mk

Со последните три одиграни натпревари заврши групната фаза од Еврокупот. Сега останува да се доигра онаа елиминациската – четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Пласманот во првата „осумка“ го потврдија уште три екипи, Булоњ Метрополитен, Гран Канарија и Локомотив Кубан, кои им се придружија на Монако, Будуќност, Виртус Болоња, Уникс и Хувентуд.

Се чини дека Хувентуд во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја има најтешката задача во четвртфиналните битки кои ќе стартуваат на 23 март.

Доколку Шпанците посакуваат пласман во полуфиналето, потоа и во финалето кое носи учество во Евролигата, ќе мора да го елиминираат „непобедливиот“ тим Виртус Болоња.

„Црно-белите“ имаат неверојатни 16 победи во исто толку мечеви во досегашниот дел од Еврокупот. Со тоа и предност која ја носи домашниот терен во серијата „подобар во три“ натпревари.

Оттука е јасно дека Димитријевиќ и соиграчите „под задолжително“ мора да направат „брејк“ во Болоња, и со евентуална победа на својот терен во Олимписката арена во Бадалона, да се пласираат во првата „четворка“ од ова натпреварување.

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(23-31 март)

Монако – Будуќност

Булоњ Метрополитен – Гран Канарија

Виртус Болоња – Хувентуд

Уникс – Локомотив Кубан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот