Димитријевиќ се повлече од НБА драфтот 2019

twitter.com/MarcMundet78

Нашата кошаркарска надеж Димитријевиќ одлучи да се повлече од НБА драфтот, па ќе почекаме повторно некој Македонец да се најде во најсилната кошаркарска лига на светот.

Нашиот плејмејкер моментно ги брани боите на шпанскиот прволигаш Хувентуд Бадалона.

Принтскрин/pr.nba.com

Вкупно 47 интернационални кандидати се повлекоа од драфтот кој според најавите ќе се организира на 20 јуни во Бруклин, САД.

Единствен Македонец кој досега играл во НБА лигата беше Перо Антиќ бранејќи ги боите на Атланта Хокс. Во НБА и тоа за екипата на Кливленд кавалирс, настапува и Чеди Осман, турскиот репрезентативец кој е роден во Македонија.

Сезонава 2018/19 во најсилната шпанска кошаркарска лига Димитријевиќ во 34 натпревари имаше просек од 5.7 поени, 1.5 скок и 2.1 асистенции по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот