Димитријевиќ им уфрли седум поени на „кралевите“

Ненад Димитгриевиќ на отворањето на новата сезона во кошаркарската АЦБ лига загуби со својот Хувентуд од Реал Мадрид со 69:88.

Во очекуваната победа на Реал Мадрид, младиот македонски кошаркар одигра неполни 16 минути за кои постигна седум поени и имаше уште и три асистенции и два скока.

Следен предизвик за Димитриевиќ и Хувентуд е гостувањето кај Реал Бетис во второто коло од АЦБ лигата, а натпреварот се игра утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот