9 C
Скопје

Димитријевиќ фантастичен во Еврокупот, прв стрелец против Уникс Казан

Уште од претходно екипата на Хувентуд Бадалона го обезбеди настапот во Топ 16 фазата од кошаркарскиот Еврокуп, запиша уште еден триумф во регуларниот дел од сезоната.

Вечерва на домашен терен Шпанците го совладаа составот на Уникс Казан во дербито од групата „А“ со резултат 84:77.

Најзаслужен за новата победа беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за скоро 21 минута игра на паркетот забележа 23 поени (6/7 од поле, 1/3 за три, 8/8 од слободните фрлања), додаде еден скок, две асистенции и една украдена топка.

Кај неговите тимски соиграчи блескаше и Чаби Лопез-Аростеги кој запиша17 поени (девет скока), а„двоцифрен“ беше уште Феран Басас (12 поени). За рускиот претставник Џон Холанд реализираше 20 поени, следен од Ајзеа Канан (16 поени).

Прочитајте и...  Спасителот на Барселона подготвува удар на Реал и Перез, им краде две засилувања

На табелата Хувентуд Бадалона е на првото место (7-2), а својот последен меч ќе го има на 30 декември дома против францускиот Бург.

Поврзани вести

Тошевски два месеци во аут, го пропушта турнирот на младата репрезентација во Анталија

Слободен печат

Спасителот на Барселона подготвува удар на Реал и Перез, им краде две засилувања

Слободен печат

Европските медиуми го одбележаа историскиот успех на Ѓоковиќ, признание дојде и од Швајцарците

Слободен печат

Познати датумите кога ќе играат Вардар и Веспрем во осминафиналето на ЛШ

Слободен печат

Ѓоковиќ се огласи по историскиот успех: Денеска е голем ден

Слободен печат

Предлог на Јувентус за револуција во Лигата на шампионите

Слободен печат

Остави Коментар