Димитријевиќ блеска во Еврокупот, асистира без гледање! (ВИДЕО)

фото: мкф

И покрај проблемите пред овој меч со стомачниот вирус, Димитријевиќ собра сили и му се стави на располагање на шефот на струката на Хувентуд, Карлес Дуран.

И беше еден од најдобрите во тимот, кој за жал впиша убедлив пораз на ова гостување во Турција. Тофаш беше сигурен, славеше со посакуваната разлика, победија со повеќе од четири поени, колку што загубија во Бадалона (91:76).

И покрај проблемите кои ги имаше во пресрет на овој натпревар (стомачен вирус), Ненад Димитријевиќ собра сили и му се стави на располагање на шефот на струката на Хувентуд, Карлес Дуран.

За 22:41 минута во игра, македонскиот репрезентативец запиша 15.поени (0/2 за три, 6/9 за два и 3/3 за еден поен). Имаше и шест успешни пасови до соиграчите и еден скок, како и две загубени и една освоена топка. Во текот на мечот имаше една прекрасна асистенција, без гледање, потег што го одвои и официјалниот Твитер профил на Еврокупот.

По овој пораз, втор во четири мечеви, Хувентуд има многу помали шанси за премин меѓу осумте најдобри во Еврокупот.

Во следното коло, за седум дена ги чека уште едно тешко гостување, она во Морабанк Андора, каде ќе имаат уште една шанса да се најдат помеѓу двете екипи кои одат во следниот елиминациски круг од ова натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот